ГАЛЕРИЈA | Спектакуларни глетки низ Македонија и светот: „Крвавата“ месечина го украси вчерашното небо

Месечината, вчеравечер го воодушеви светот нудејќи спектакуларна глетка. Овојпат видовме супермесечина, затемнување на Месечината и црвена месечина одеднаш.

„Крвава“ месечина, инаку позната како целосно затемнување на Месечината, обично се јавува за време на Супер Месечина, кога Земјата е поставена директно помеѓу Месечината и Сонцето и кога ја крие Месечината од сончевите зраци.

Во која било друга ноќ, Месечината добива директна светлина од Сонцето, но во оваа посебна ноќ, Месечината се префрла во најтемниот и најцентралниот дел на сенката на Земјата.

Наспроти верувањето дека ова би предизвикало Месечината да стане целосно темна, таа е осветлена од индиректна сончева светлина. Тоа резултира во морничава црвена боја, а оттука и името „крвава“ Месечина.

Супер Месечината синоќа беше поголема од вообичаено, бидејќи ќе биде најблиску до Земјата.

Таа исто така се нарекува и „цветен месец“ поради изобилството на цвеќиња што цветаат на Земјата во тоа време.

Погледнете ја галеријата:

Скопје, Македонија / Извор: Ирма Башеска Ристовска
Хонг Конг, Кина / Извор: EPA-EFE / JEROME FAVRE
Сарагоса, Шпанија /Извор: EPA-EFE / Javier Belver
Сапоро, Јапонија / Извор: EPA-EFE / JIJI
Манила, Филипини / Извор: EPA-EFE / FRANCIS R. MALASIG
Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Извор: EPA-EFE / ETIENNE LAURENT
Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Извор: EPA-EFE / ETIENNE LAURENT
Кордоба, Шпанија / Извор: EPA-EFE / SALAS
Јакарта, Индонезија Извор: EPA-EFE / Bagus Indahono
Гандија, Шпанија / Извор: EPA-EFE / NATXO FRANCES
Валенсија, Шпанија /Извор: EPA-EFE / MANUEL BRUQUE

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот