Историска вечер за Харисон Форд и триумф за „Грешници“ на Наградите на Здружението на филмските актери
Една од најголемите и најугледни холивудски вечери се случи во неделата навечер, во салата „Шрајн аудиториум и експо хол“ во Лос Анџелес, на уште едно свечено доделување на Наградите на Здружението на филмските актери за 2026 година, пренесува Би-би-си.
Препорачано
Свеченоста втора година по ред, ја водеше актерката Кристен Бел. Најемотивниот момент на вечерта беше кога легендарниот Харисон Форд ја прими наградата за животно дело, како признание за неговото „единствено присуство во американскиот живот“ и за неговата импресивна кариера долга седум децении во филмската уметност.

Што се однесува до номинираните филмови и серии, „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше главен фаворит со седум номинации, а веднаш зад него беше филмот „Грешници“ (Sinners) со пет номинации. Меѓу ѕвездите што се натпреваруваа за престижната статуетка на актерското здружение беа Тимоти Шаламе за „Марти Супериорниот“ (Marty Supreme), Џеси Бакли за „Хамнет“ (Hamnet), Шон Пен за „Една битка по друга“ (One Battle After Another) и Ејми Медиган за улогата во „Оружја“ (Weapons).
Во телевизиските категории доминираше продукцијата „Студиото“ (The Studio), која освои пет номинации, додека сериите „Адолесценција“ (Adolescence) и „Белиот лотос“ (The White Lotus) имаа по четири номинации.
Во продолжение следува списокот на добитници на Наградите на Здружението на филмските актери 2026:
Филм
Најдобар актер во главна улога: Мајкл Б. Џордан, „Грешници“ (Sinners)
Најдобра актерка во главна улога: Џеси Бакли, „Хамнет“ (Hamnet)
Најдобар спореден актер: Шон Пен, „Една битка по друга“ (One Battle After Another)
Најдобра споредна актерка: Ејми Медиган, „Оружја“ (Weapons)
Најдобар филм: „Грешници“ (Sinners)
Телевизија
Најдобар актер во телевизиски филм или мини-серија: Овен Купер, „Адолесценција“ (Adolescence)
Најдобра актерка во телевизиски филм или мини-серија: Мишел Вилијамс, „Умирам за секс“ (Dying for Sex)
Најдобар актер во драмска серија: Ноа Вајл, „Пит“ (The Pitt)
Најдобра актерка во драмска серија: Кери Расел, „Дипломатот“ (The Diplomat)
Најдобар актер во хумористична серија: Сет Роген, „Студиото“ (The Studio)
Најдобра актерка во хумористична серија: Кетрин О’Хара, „Студиото“ (The Studio)
Најдобра драмска серија: „Пит“ (The Pitt)
Најдобра хумористична серија: „Студиото“ (The Studio)
Каскадерски изведби
Најдобра каскадерска изведба во филм: „Невозможна мисија – Последната пресметка“ (Mission: Impossible – The Final Reckoning)
Најдобра каскадерска изведба во телевизиска серија: „Последните од нас“ (The Last of Us)


