ВИДЕО | Спектакл со девет гола во Ријад: Два на Роналдо, еден на Меси, погоди и Рамос, победи ПСЖ…
Вистински спектакл донесе натпреварот помеѓу комбинираниот тим на Ал Хилал и Ал Наср против ПСЖ. Во вистинска голеада од осум гола ПСЖ славеше победа од 4:5.
Препорачано
Од самиот почеток натпреварот се најавуваше како битка на Меси и Роналдо, па така и започна. По само три минути игра Меси на асистенција на Нејмар го изедначи резултат. Саудијците до изедначување дојдоа во 34. минута со голот на Роналдо од пенал.
Само пет минути подоцна ПСЖ остана со играч помалку бидејќи беше исклучен Бернат. Сепак и со играч помалку „светците“ во 43. минута преку Маркињос стигнаа до 1:2. ПСЖ можеше и до трет гол, но Нејмар промаши пенал.
Во самата завршница од првото полувреме Роналдо го постигна својот втор гол за 2:2 на паузата. На стартот од вториот дел во 53. минута видовме гол и на Серхио Рамос. Не се предаваа Саудијците па веќе во 56-тата Јанг Хјун-Со погоди за 3:3.
Роналдо и Меси на теренот беа до 60-тата минута кога беа дел од повеќето замени кои ги направија двајцата стратези. За ПСЖ до крајот на натпреварот погодуваа Мбапе и Екитике, додека конечните 4:5 во 4:5 минута ги постави Талиска.


