Специјалното обвинителство во Приштина поднесе трето обвинение во врска со убиството на Оливер Ивановиќ

epa07285956 A man walks past a mural depicting late Oliver Ivanovic in Belgrade, Serbia, 15 January 2019. Oliver Ivanovic a moderate Kosovo-Serbian politician was killed in a drive-by shooting on 16 January 2018, in front of his office in northern Kosovska Mitrovica. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Специјалното обвинителство во Приштина поднесе ново обвинение против осомничените за помагање и учество во убиството на српскиот политичар, Оливер Ивановиќ, потврдија адвокатите на одбраната Дејан Васиќ и Фарук Кореница.

„Ова е трето обвинение поднесено за овој случај и сите три обвиненија се скоро идентични со некои многу мали корекции, кои во основа не се релевантни за случајот. Ова е исто обвинение против истите луѓе, за истиот настан, потполно исто“, рече адвокатот Дејан Васиќ за Радио Слободна Европа.

До сега се одржа само едно подготвително рочиште откако Специјалното обвинителство го поднесе првото обвинение на 2 декември 2019 година.

Фарук Кореница вели дека е апсолутно неприфатливо обвинението за одредено кривично дело, да биде поднесено и изменето три пати.

Осомничени, во процесот кој го предводи косовското обвинителство, се: Марко Росиќ, Недејко Спасојевиќ, Силвана Арсовиќ, Жарко Јовановиќ, Драгиша Марковиќ и Раде Басара, додека како водачи на криминалната група се обвинети Милан Радовичиќ и Звонко Веселиновиќ. Меѓу овие имиња има и поранешни полициски службеници кои во Северна Митровица беа на високи позиции во командниот ланец.

Исто така, еден од нив, поточно Звонко Веселиновиќ често се доведува во тесна врска со српскиот претседател Александар Вучик. Имено тој и во интервју за српски медиум самиот рече дека го поддржувал Веселиновиќ во време кога имало проблеми на преминот Јариње во 2011 година.

Во декември истата година, Веселиновиќ беше приведен заедно со неговиот брат на Копаоник каде помина една година во притвор и потоа беше осуден по обвинение на српското Обвинителството за организиран криминал според кое заедно со Милан Радошиќ и Драган Чурчиќ незаконски присвоиле на 32 камиони сопственост на лизинг компанијата „Хипо Алпе – Адриа лизинг“ и со тоа стекнале имотна корист од најмалку 237 милиони динари.

Првата сопруга на Оливер Ивановиќ: Тие го прикриваат случајот, и тие знаат сè (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот