Специјалци влегоа во куќата на водачот на „Кавачкиот клан“

Според неофицијални податоци, полицијата запленила неколку предмети, вклучително и вредни уметнички слики, кои биле во објектите што ги користел водачот на кавачкиот клан.

Припадници на Специјалните поицисики сили вчера околу 18.30 часот си заминале од просториите што ги користел Радоје Звицер, водачот на криминалниот кавачки клан од Црна Гора.

Според неофицијални податоци, полицијата запленила неколку предмети, вклучително и вредни уметнички слики, кои биле во објектите што ги користел водачот на кавачкиот клан.

Црногорската полиција потврди дека членовите на Секторот за борба против криминалот презеле мерки против членови на организирана криминална група во Котор.

„Полицијата ќе продолжи со засилените активности насочени кон криминални групи со цел да го сузбие и спречи организираниот криминал на територијата на нашата држава“, објави црногорската полиција на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот