СПЦ: Ќе ја почитуваме забраната за литии во Црна Гора

Епископскиот совет на Српската православна црква соопшти денеска дека ќе ги почитува новите мерки на црногорското Министерство за здравство, кои се однесуваат на забраната за верски собири, иако, како што наведува, тие се „очигледно селективни и дискриминаторски”.

Во соопштението се вели дека тие вчера биле информирани за одлуката од претставници на црквите и службени лица во Институтот за јавно здравје, „со кои не е договарано за укинување на литиите, ниту е поддржана нивната забрана”.

Епископскиот совет ги повика верниците во исто време да се соберат на молебен во своите храмови, затоа што верските обреди во црквите, манастирите и на површините што им припаѓаат не се „и никако не можат да бидат забранети”, пренесува РТЦГ. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот