Спасувачка драма на Шар Планина – Слободен печат
Македонија

Спасувачка драма на Шар Планина

Планинарот кој давал знаци на живот е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Планинар кој наверојатно доживеал срцев удар додека се движел со група на релација Бозовце – Скакаличко езеро, денеска со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи од Шар Планина е однесен на скопските клиники.

Како што соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, член на планинарскиот клуб „Јелак” од Тетово во 11 часот се јавил во полиција и информирал дека на еден учесник на планинарската тура од Куманово му се слошило.

– Планинарите според симптомите востановиле дека се работи за срцев удар. Затоа се јавиле во МВР, а поради оддалеченоста на Шар Планина побарале од полицијата да испрати летало за да се овозможи итна лекарска помош – изјави Јосифоски.

По дојавата, од МВР е испратен хеликоптер, а полициските службеници по пристигнувањето на посочениот предел на Шар Планина успеале да ја лоцираат групата. Планинарот кој давал знаци на живот е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Неодамна СВР Тетово и Отсекот за превенција организираа едукативно информативни средби со планинарски друштва во Тетово и Гостивар за да се подобри соработката при изведување планински тури. За полицијата е особено важно планинарските друштва да информираат за денот, местото и дестинацијата на одвивање на турите. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close