Спасовски: За неколку дена ќе биде идентификувано лицето кое го вееше знамето на „Голема Албанија“ во Тетово

Имаме прибрано сознанија, неколку лица се таргетирани, а за неколку дена ќе биде идентификувано и лицето кое го вееше знамето на „Голема Албанија“ во Тетово за време на пречекот на косовскиот премиер, Албин Курти, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што истакна тој, се вршат детални испитувања и кога ќе дојде моментот медиумите ќе ги добијат информациите.

Имаме прибрано добри оперативни сознанија. Имаме неколку лица кои се таргетирани. Се вршат детални испитувања во овој момент и јас мислам дека за неколку дена веќе ќе го имаме идентитетот на лицето. Кога ќе дојде моментот, ќе ги добиете сите информации. Истрагите не се водат преку медиумите. Тие се водат преку институциите, изјави денеска Спасовски по означувањето на почеток на превентивната кампања на МВР „Кажи НЕ на дрогата,ДА на животот” во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито”, во одговор на новинарско прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот