Спасовски во Аеродром и Зелениково: Сите 120 пратеници имаат одговорност за европската иднина на државата

Фото: СДСМ

Во рамките на секојдневните активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ денеска симпатизерите од скопската општина Аеродром ги посетија Оливер Спасовски и Мелиса Ценоска Серафимовска, а средби со граѓаните во Зелениково оствари портпаролката на владејачката партија, Богданка Кузеска.

Спасовски пред членовите и поддржувачите на СДСМ во Аеродром рече дека партијата има направено најмногу за исполнување на стратешките цели на државата, „со државнички и одговорни политики ја внесе земјата во полноправно членство во НАТО, а ги започна и преговорите со ЕУ, со заштитен и потврден македонски јазик и идентитет“.

„Сега во македонското Собрание е моментот за одлука, да се продолжи по европскиот пат, до целосна интеграција во ЕУ, како држава и како народ имаме историска шанса која што треба да ја зграпчиме. Сите политички субјекти имаат обврска и одговорност да се приклучат на процесот што ја обезбедува нашата европска иднина. Се наоѓаме на крстосница меѓу интеграција и изолација. Пораките ЕУ и нашиот стратешки партнер САД се јасни и недвосмислени, треба да се искористи геополитичкиот момент на согласноста на земјите членки на ЕУ за проширување, сега е моментот кога треба да ги донесеме потребните одлуки за европска иднина на државата, за иднината на државата, за сегашните и за идните генерации“, порача Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот