Спасовски: Министерскиот форум се одржува во важен период за нашата земја

Фото: Принтскрин

Соработката во делот на миграциската политика и граничното управување помеѓу ЕУ и регионот е во фокусот на работа на вториот ден од „Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан”, што се одржува во Собранието на Македонија под покровителство на Финското претседателство со Советот на Европската Унија.

Како што соопштија од МВР, еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос, ќе биде дел од министерскиот состанок за внатрешни работи на кој земјите членки на ЕУ се претставени од страна на министрите за правда и за внатрешни работи на Република Финска, високи претставници од Сојузна Република Германија и Република Хрватска, како и други претставници на европските институции.. Земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора и Северна Македонија се претставени со министрите за правда и за внатрешни работи, односно високи претставници од нивните министерства.

– Овој Министерски форум се одржува во исклучително важен период за Република Северна Македонија. Во изминатиот период решивме големи предизвици, чие решавање на сите им се чинеше невозможно. Успеавме, затоа што сите имавме силна мотивација – Европската перспектива за нашата држава и за нашите граѓани. И покрај сите препреки со кои се соочуваме на нашиот пат кон Европската Унија, сепак, земјата не отстапува од европскиот курс, од реформите, градењето на добрососедските односи и регионалната соработка – потенцираше Спасовски.

На првиот ден од Министерскиот форум на кој тема беше владеењето на правото и реформите во правосудството, беше истакнато дека од гледна точка на Европската комисија, нема сомнеж за европските перспективи на Западен Балкан, но дека се уште се потребни сеопфатни и одржливи реформи во клучните области и оти напредокот низ овој процес на проширувањето е, пред се, во рацете на земјите од Западниот Балкан.

– Владеењето на правото е во сржта на процесот на пристапување на ЕУ. Комисијата е подготвена и понатаму да ги поддржува своите партнери од Западен Балкан преку финансиска, техничка и експертска помош – рече еврокомесарката, додавајќи дека на форумот се дискутирало за реформите во правосудството, за бробата против корупцијата и организираниот криминал, за темелните права, за функционирањето на демократските институции, а делумно и за реформата на јавната администрација.

Министрите, според неа се согласиле дека спроведувањето на реформите треба да биде во поголем фокус и оти тие треба да се одредат за приоритети, да се подобри ефикасноста на правосудниот систем, да се подобрат напорите за да се реши заостанатиот број на предметите и да се спроведат дигитализирани системи за управување, да се зајакнат напорите за борба против корупцијата, како и да се подобрат затворските услови за да се задоволат стандардите на Советот на Европа и размена на искуства.

Форумот се одржува на годишно ниво и е дел од Стратегијата за поддршка на земјите од Западен Балкан на патот за нивно полноправно членство во Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот