базен
Profimedia

Спа и велнес асоцијацијата на Македонија: Немаме ни протоколи, ни помош

Спа, велнес и фитнес индустријата не можејки да ги следи светските, европските, па и балканските искуства, е на работ на банкрот. Оваа индустрија е оставена сама да се снаоѓа, со мерки и протоколи кои се општи и кои не се однесуваат на нејзината специфична секојдневна работа, а кои се истовремено и контрадикторни и неразбирливи. Од друга страна, и помошта на државата е минимална.

Ова, за „Слободен печат“ го изјави  Александар Мендов, претседател на Спа и велнес асоцијацијата на Македонија кој оценува дека овој сектор сега се соочува со најголемата криза од неговото постоење.

-Освен за време на последното затворање на хотелите и фитнес центрите кога беа исплатени минимални 14.000 денари за плати, други мерки не беа превземени. Користејки ги искуствата од нашето опкружување, европските и светски искуства, СВАМ како претставник на спа, велнес и фитнес фелата во Македонија има предложено низа мерки за кои надлежните институции треба да се произнесат – вели Мендов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот