СП 2022 | Јовановски: Мундијалот се игра во невообичаен период, но очекувам многу поквалитетен фудбал

ѓоре јовановски
Поранешниот селектор на македонската А репрезентација, Ѓоре Јовановски/Фото: ФК Работнички

В недела со натпреварот помеѓу домаќинот Катар и Еквадор од 17.00 часот официјално ќе стартува Светското фудбалско првенство 2022 во рамките од групата „А“ на стадионот „Ал Бајт“ во Ал Кхор.

Титулата ја брани селекцијата на Франција, „триколорите“ својот прв меч ќе го имаат на 22 ноември против Австралија во групата „Д“.

Според македонскиот фудбалски тренер Жикица Тасевски, Бразил е еден од фаворитите, но таквите репрезентации се соочуваат со огромен притисок.

Нашиот поранешен селектор Ѓоре Јовановски очекува учесниците на СП годинава да покажат многу подобар фудбал, иако се игра во еден невообичаен период.

– Меѓу кандидатите за титулата за Светското првенство во Катар може да се вбројат репрезентациите на Германија, Шпанија, Франција, Аргентина, Бразил…Иако се игра во еден зимски, невообичаен период, верувам дека репрезентациите кои ќе играат на Мундијалот ќе бидат на врвно ниво. Во минатото играчите веднаш по завршувањето на сезоната, кога заморот веќе ги стигнуваше, веднаш мораа во летниот период да се насочат кон големите натпреварувања на репрезентативен план. Сега мислам дека играчите сезонава настапувајќи во своите клубови се наоѓаат моментно во топ форма и верувам дека ќе гледаме еден многу подобар и поквалитетен фудбал – ни изјави Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот