Плакат за проекцијата на филмот во Кинотеката

Современиот француски игран филм „Борго“ ќе има проекција во Кинотеката

Францускиот институт во Скопје и Кинотеката организираат нова проекција на месечните „Кино-средби“, во рамките на кои се прикажуваат современи француски филмови.

Во четврток, 28 мај, во 20 часот, во Кинотеката ќе биде прикажан играниот филм „Борго“ (2024, 118 мин.) во режија на Стефан Демустје, со Хафсија Херзи, Муса Мансали и Луј Меми.

Приказната ја следи Мелиса, 32-годишна искусна чуварка во затвор, која се сели на Корзика со својот сопруг и двете мали деца. За неа, ова е нов почеток и нова можност, па се вработува во тамошниот затвор – но оваа установа не е како другите. Таму затворениците се тие кои ги надгледуваат чуварите.

Вклопувањето на Мелиса во новата средина го олеснува Савериу, млад но влијателен затвореник, кој ја зема под своја закрила. Но штом излегува на слобода, повторно ќе ја побара – овој пат со барање кое не може лесно да се одбие. Оттука, сè тргнува наопаку.

„Во овој т.н. филм ноар, Стефан Демустје ги разобличува сите клишеа за Корзика. Резултатот е ремек-дело, едно од најдобрите француски филмски остварувања на годината“, напишаа француските медиуми.

Филмот ќе биде прикажан со превод (титл) на македонски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот