Советникот на Ред бул додава сол на раната: Сезонава титулата во Формула 1 е недостапна за Мерцедес

EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Хелмут Марко, специјален советник во Ред бул, по само една трка сезонава, изјави дека Луис Хамилтон и Џорџ Расел немаат никаква шанса да дојдат до главниот трофеј

Специјалниот советник на Ред бул, Хелмут Марко, верува дека титулата во Формула 1 е недостижна за Мерцедес сезонава, иако досега се одржа само една трка.

Луис Хамилтон и Џорџ Расел завршија на петтото, односно на седмото место, а нивните автомобили беа речиси секунда побавни од Ред бул на Макс Верстапен на ГН на Бахреин.

Марко, кој работи заедно со Кристијан Хорнер и главниот дизајнер Адријан Њуи во Ред бул, отфрли секаква шанса Мерцедес да ја освои титулата во 2023 година.

– Сезонава титулата во Фрмула 1 е недостапна за Мерцедес. Мерцедес нема еден проблем со концептот оваа година, туку неколку. Не успеаја да најдат решение во текот на зимата. Ќе им биде тешко: не можат да дизајнираат два или три различни автомобили. Ќе биде незгодно со буџетските ограничувања. Ниту новиот автомобил не им функционира… – вели Марко.

Верстапен го предводеше финишот еден-два за светските шампиони Ред бул во Бахреин, а Серхио Перез беше втор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот