Совети од Клиника „Жан Митрев“: Сè што треба да знаете за липосукција

Фото: Промо

Липосукцијата спаѓа во минимално инвазивни процедури.

Липосукција претставува хируршка метода од доменот на естетската хирургија со која можеме трајно и селективно да отстраниме вишок масти од одредена регија на телото. Оваа процедура најчесто се користи за контурирање на масното ткиво во зоните: стомак, колкови, бутната регија и подбрадокот, а може да се користи и на други локации какvi што се: грбот, лицето, глутеусите, потколениците, надлактиците и вратот. Липосукцијата не претставува техника за третман на обезност (прекумерна тежина) и не е замена за здрава диета и активен начин на живот. Липосукцијата е најпогодна метода за луѓе со нормална телесна тежина кои имаат вишок масти во одредена регија на телото. Иако не постои ограничување во однос на тоа на која регија може да се направи липосукција, сепак постои ограничување во вкупниот волумен на масни наслаги кој може да се отстрани, истиот изнесува пет литри масно ткиво. Липосукцијата покрај горенаведените можности за отстранување непосакувано масно ткиво од одредени регии, како хируршка метода може да послужи и за намалување на градите – третман на гинекомастија кај лица од машкиот пол.

Фото: Промо

Пред да се одлучи за ваков оперативен зафат, потребно е лицето да биде во добра општа состојба и, што е најважно, со стабилна телесна тежина. Идеален кандидат за липосукција е лице што има пет до десет килограми вишок телесна тежина и е на возраст од 25 до 45 години, бидејќи во овој случај кожата е најеластична и има најголема можност за заздравување, односно затегнувањето на телото тогаш е најефикасно.

Липосукцијата спаѓа во минимално инвазивни процедури. Се прават мали отвори на површината на кожата, кои се со големина помала од 1см, а служат како влезни точки преку кои се вметнуваат канилите (шупливи цевчиња), односно специфични инструменти што служат за извлекување на масното ткиво. Канилите се со различна форма и големина и сите имаат различна намена, а служат за постигнување рамномерно извлекување на поткожната маст. Пред да се почне со извлекувањето на вишокот масти, во самата маст потребно е да се вбризга раствор што содржи мешавина од електролити, адреналин и локален анестетик, наменети за намалување на компликациите како крвавење, намалена постоперативната појава не модринки, како и намалување на можноста за развој на масна емболија.

Липосукцијата како оперативен третман може да траење меѓу еден и пет часа. Секако, тоа зависи од површината што треба да се третира и од дебелината на масниот слој. Што се однесува, пак, до закрепнувањето, во постоперативниот период пациентот потребно е да носи компресивен аксесоар – мидер, на конкретниот дел од телото каде што е направена липосукцијата. Компресијата е од голема важност, бидејќи под притисок кожата на третираното место ќе закрепне и ќе се затегне без виснување. Враќањето на секојдневните активности е можно по 5 до 7 дена. Секако е индивидуално, бидејќи зависи од третираното лице, возраста, животните навики и други фактори. Комплетно закрепнување и способност за извршување и тешка физичка активност, можни се по 3 до 4 недели од липосукцијата.

Фото: Промо

Кога е во прашање естетска хирургија и интервенција како што е липосукцијата, многу е важно пациентот да се држи до сите совети и упатства што хирургот ги дава пред операцијата. Целта е, секако, што полесно да се поднесе операцијата, побргу да се закрепне и компликациите да се сведат на минимум. Поради тоа, предоперативно потребно е да се направи следното:

1. Доколку пациентот е пушач, да престане со пушење, што ќе доведе до подобрување на еластичноста на кожата (најмалку 4 недели пред операцијата)
2. Да се почне со витаминска терапија со цел да се постигне антиоксидантен ефект од витамините (најмалку 4 недели пред операцијата)
3. Да се избегнува внес на тешка храна, особено храна што доведува до надуеност кај пациентот (најмалку 4 недели пред операцијата)
4. Пациентот да се подложи на компресивна терапија, односно лимфна дренажа (2 недели пред операцијата), а по операцијата се препорачува спроведување масажи за лимфна дренажа во комбинација со компресивна пресо-терапија.

Со цел да ги разрешите сите дилеми поврзани со липосукцијата, закажете термин кај д-р Живорад Коцевски, пластичен хирург на 02/3091-484.

  Фото: Промо

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот