Состојба на катастрофа прогласена во австралиската држава Викторија

Во австралиската држава Викторија денеска е прогласена состојба на катастрофа, а локалните власти воведуваат полициски час во текот на ноќта како најтешка, анти-епидемиска вонредна мерка досега.

Премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјус, изјави дека итните мерки ќе бидат во сила шест недели, до средината на септември, и оти за тој период само еден член на домаќинството ќе има одобрение да оди да купува еднаш дневно.

На граѓаните на Мелбурн во тој период нема да им биде дозволено да се оддалечуваат повеќе од пет километри од нивните домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот