Фото: Фејсбук/Маја Блажева

Сопругата на Панчо се прости со потресна порака: „Не се договоривме вака, љубов моја…“

Болката по смртта на Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“ не стивнува. Сега сo емотивна порака од него се прости и неговата сопруга Маја.

„Не се договоривме вака, душо моја, љубов моја, живот мој. Ме скрши на милион делови“, напиша Маја на својот фејсбук-профил.

Фото: Скриншот/Фејсбук

Да потсетиме, Панчо и Маја се венчаа на 2 октомври 2013 година во Скопје. Својата љубов ја запечатија на необичен и симболичен начин – наместо класични бурми, двајцата истетовираа прстени на рацете, заколнувајќи се на вечна верност. Нивниот прв син Андреја тогаш имаше две години, а во 2015 година се роди нивниот втор син, Марјан.

Во едно интервју тој изјави: „За еден брак да трае, потребни се разбирање, толеранција и доверба. Жртвувањето мора да биде обострано“.

Да потсетиме, трагедијата се случи на 16 март годинава, кога во пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Панчо тогаш се здоби со тешки изгореници и, по седум месеци борба, ја изгуби најтешката животна битка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот