Сопругата на исчезнатиот основач на ОушнГејт е потомок на двајца патници на Титаник

Фото: Твитер, https://www.countryliving.com/

Венди Раш е сопруга на Стоктон Раш, извршниот на ОушнГејт кој се наоѓа во исчезнатата подморница „Титан“. Но, таа е и правнука на Исидор и Ајда Штраус – двајца патници од прва класа кои биле на бродот Титаник кога потонал во 1912 година.

Венди Раш е директорка за комуникации во Оушн Гејт, a била на три експедиции до потонатиот брод Титаник, според информациите на нејзиниот ЛинкдИн профил.

Штраус биле меѓу најбогатите патници на Титаник. Исидор и неговиот брат Нејтан биле косопственици на стоковната куќа Мејси.

Преживеаните се сеќаваат дека го виделе Исидор како одбива да седне на чамец за спасување додека не се качат сите жени и деца. Ајда, неговата 40-годишна сопруга, одбила да оди без сопругот. Двајцата биле видени во прегратка додека тонел бродот.

Фиктивна верзија на оваа сцена беше прикажана во филмот од 1997 година, на Џејмс Камерон прикажувајќи брачен пар како се гушкаат во кревет додека водата се крева околу нив.

Во неделата подморницата „Титан“ со пет лица, британско-пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман, британскиот милијардер и истражувач Хамиш Хардинг, поранешниот нуркач на француската морнарица Пол-Хенри Наргеолет и Стоктон Раш,  се спушти во водите на Атлантскиот океан за да ги види остатоците од бродот Титаник. По еден час и 45 минути, матичниот брод Полар Принц губи секаков контакт со подморницата, а неколку часа подоцна е пријавена за исчезната.

„Титан“ има кислород доволен за пет лица, но само за 96 часа, а денеска се бројат последните часови додека да се потрошат резервите на кислород. Спасувачите ги прават последните напори за пронаоѓање на подморницата.

Кои се петтемина во исчезнатата подморница?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот