Сопругата на албанскиот претседател повторно казнета за неносење заштина маска, сега со 40 евра

Лидерката на опозициското Движење за социјалистика интеграција, Моника Круемади, инаку сопруга на претседателот Илир Мета, денеска поторно е казнета за неносење заштитна маска.

Таа била на средба со граѓани погодени од катастрофалниот земјотрес, од 26 ноември минатата година, кога полицијата дошла и побарала да се разотидат насобраните граѓани.

На опомената дека ќе биде казнета за непочитување на мерката за носење маска и на отворен простор и и побарале лична карта, таа со повишен глас рекла казнете ме.

– Казнете ме. Јас сум Моника Круемади, ќерка на Рамазан Круемади. Родена на 9 април 1974 година.Казната ќе ја платам. Ќе му ја тргнеме маската на Еди Рама на 25 април 2021 година. Албанија, дом на Албанците, извикала и потпишала на казната.

Таа ги убедувала и насобраните да ги тргнат маските, но тие и возвратиле дека „можеби ти имаш пари да ја платш казната, ние не”.

Таа и вчера заедно со сопартијка беа казнети со по 25 евра за неносење маска, додека беа на средба со граѓани од населба во Тирана. Повторената казна изнесува 40 евра.

Сопругата на албанскиот претседател Мета фатена без маска: Казната нека ја пратат кај Илир или кај мајка ми

Во Албанија од 15 минатиот месец задолжително е носење заштитна маска и на отворен простор. За првиот прекршок казната е 25 а за секој повторен 40 евра. Износот на казната се внесува во сметката за потрошена електрична енергија а доколку не се плати корисникот ќе биде исклучен од електромрежата.

Извор: МИА 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот