Сопругата на албанскиот претседател Мета фатена без маска: Казната нека ја пратат кај Илир или кај мајка ми

Фото: twitter

Моника Круемади, сопруга на албанскиот претседател Илир Мета, која е лидерка на опозициското Движење за социјалистичка интеграција (ЛСИ), казнета е за неносење на заштитна маска.

– Ова е потврда дека полицијата не прави пардон. Заради неносење на заштитна маска, која од 15 октомври е задолжителна и на отворен простор, се изречени казни по 25 евра за Моника Круемади, претседателка на ЛСИ, и за партиската потпретседателка Флоида Крпачи, пренесуваат албанските медуми.

Двете претпладнево биле на средба со жители во населба во Тирана, каде се појавиле без заштитни маски со што го „прекршиле анти-ковид законот”.

Круемади, која и самата е доктор, јавно кажа дека е против мерката за задолжително носење заштитна маска на отворен простор и оти нема да ја почитува.

– Маска на отворен простор никако. А доколку ми напишат казна нема како да ги добијат парите. На мое име немам ниту куќа, ниту стан. Нека ја испратат до Илир или до мајка ми, рече Круемади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот