„Сони“ очекува пад на оперативната добивка за 27 отсто

Во тримесечјето од почетокот на април до јуни компанијата на годишно ниво забележала пад од 1,1 отсто на добивката, односно на 228,4 милијарди јени, додека нето добивката забележала скок за 53,3 отсто на 233,3 милијарди јени.

Поради реорганизацијата и влијанието на пандемијата од Ковид – 19 јапонската компанија „Сони“ очекува пад на оперативната добивка до 26,7 отсто за тековната финансиска година до март 2021 година односно се проценува дека компанијата ќе загуби и до 5,8 милијарди долари.

Производителот на конзолите „PlayStation“ и паметните телефоно „Xperia“ исто така предвидува пад на нето добивката за 12,4 отсто, на 510 милијарди јени, во однос на претходната година. Компанијата проценува дека годишните приходи од продажба ќе изнесуваат 8.300 милијарди јени.

Во тримесечјето од почетокот на април до јуни компанијата на годишно ниво забележала пад од 1,1 отсто на добивката, односно на 228,4 милијарди јени, додека нето добивката забележала скок за 53,3 отсто на 233,3 милијарди јени.

Во ова тримесечје компанијата остварила 2,2 отосто раст на приходите од продажба во однос на истиот период претходната година, благодарение на значителниот раст на продажбата на софтвер за игри, како и раст на бројот на корисници на „PlayStation“, се вели во соопштението на оваа компанија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот