Фото: Pexels

Сончево време со мала до умерена облачност

Сончево време со мала до умерена облачност е денешната прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе биде од три до 10 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од седум степени наутро до 23 во текот на денот.

За утре се најавува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни. Попладне поради продор на постуден воздух од север на планините ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Ветерот во некои делови од источниот дел на земјата повремено ќе достигнува над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Од петок до крајот на неделата ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и со умерен, до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот