Бугарија и Русија / Фото: Daniren / Alamy / Alamy / Profimedia

Сомнително расте бројот на руски компании во Бугарија

Бугарија како дел од ЕУ заврши на црната листа на Кремљ, па повеќе од чудно е што се покажува многу привлечна за руските бизнисмени и капитал. Бројот на компании со руско учество во земјата бележи вознемирувачки скок во последните месеци. Ова е јасно од извештајот подготвен по барање на пратеникот Мартин Димитров од Министерството за правда, пишува „Сега.бг.њус“.

Според податоците на Министерството за правда заклучно со 3 јануари годинава во Бугарија има речиси 13.000 компании со значително руско присуство. Министерката за правда, Марија Павлова во септември, како одговор на слично прашање, соопшти дека компаниите со повеќе од 40 отсто руско учество се околу 12.000, што значи дека за само четири месеци бројот е зголемен за околу 1.000.

Неопходна е итна проверка на специјалните служби за да се утврди и да се анализира на што се должи оваа активност и што го диктира овој интерес во една „непријателска“ земја како Бугарија, коментира пратеникот Мартин Димитров. Според новите податоци во Трговскиот регистар, се внесуваат: 7.132 компании со еден сопственик руско физичко или правно лице, 5.548 друштва со ограничена одговорност со повеќе од 40% учество на руски физички или правни лица, 212 компании во кои руски државјанин е регистриран како вистински сопственик.

Накратко, вкупниот број на компании со значително руско учество е 12.892 . Ова се официјални податоци, а не е јасно колку се „малцинските учества“ на руските граѓани во фирми регистрирани во Бугарија. Посебна тема е употребата на фиктивни лица за прикривање на вистинските сопственици. Самата министерка Павлова посочува дека информациите презентирани од Трговскиот регистар можеби не се прецизни и целосни, бидејќи внесувањето на земјата на државјанство за физички лица или седиштето на правните лица не е дел од околностите кои подлежат на задолжителен упис во регистрите кои се водат од страна на Агенцијата на уписи. Минатата есен компанијата Mудис објави информација според која во Бугарија има повеќе компании со руско учество отколку во Германија и Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот