Собранието на 11 февруари ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Џафери очекува седницата да заврши истиот ден имајќи предвид дека сите партии се согласни за одржување избори на 12 април.

Претседателот на Собранието Талат Џафери планира на 11 февруари да закаже седница со единствена точка на дневен ред – ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Следниот ден, на 12 февруари, би требало да се одржи последната седница на која ќе биде распуштен сегашниот пратенички состав, и распишани предвремените парламентарни избори на 12 април.

Од кабинетот на Џафери за МИА информираат дека до 11 февруари се очекува протоколот да биде ратификуван во Шпанија, последната од 29-земји членки кои досега го немаат направено тоа. Ако дотогаш не заврши процедурата во Шпанија, ратификацијата во македонското Собрание би била донесена со одложено дејство.

На 12 февруари, пак, ќе се одржи седницата за распуштање на Собранието. Џафери очекува седницата да заврши истиот ден имајќи предвид дека сите партии се согласни за одржување избори на 12 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот