Ана Митреска и Игор Величковски

Собранието ги потврди предлозите на Славески — Митреска и Величковски ќе бидат вицегувернери на Народната банка

По предлогот на гувернерот на Народната банка Трајко Славески, кој дојде неколку месеци по истекот на законскиот рок и тоа предизвика превирања, Собранието денеска ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на НБРСМ. Тие ќе ја извршуваат оваа функција во наредните седум години.

Ана Митреска ќе биде втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и искусен професионалец со 25-годишно искуство во Народната банка. Во својата професионална кариера има значаен придонес во активностите поврзани со макроекономските анализи, среднорочните проекции и истражувачката работа на Народната банка. Од почетокот на својата кариера во Народната банка, активно е вклучена во комуникацијата со меѓународните финансиски институции и агенциите за кредитен рејтинг и е авторка на повеќе научни и стручни трудови од областа на монетарната и фискалната политика.

Игор Величковски е избран за вицегувернер како истакнат професионалец во областа на платните системи и финансиските пазари. Тој е доктор по монетарна економија на Универзитетот во Стафордшир, Велика Британија. Величковски е дел од Народната банка повеќе од триесет години. До именувањето ја извршуваше функцијата директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи. Неговиот професионален ангажман опфаќа значајни реформи во платната инфраструктура, како и активна улога во процесите на модернизација и интеграција, вклучително и приклучувањето на земјата кон Европската област за плаќања во евра (СЕПА) во 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот