Со природен чај од магдонос – полесни и до пет килограми

Магдоносот ја ослободува акумулираната вода во телото и само за неколку дена ќе се чувствувате многу полесни.

Магдоносот е растение кое го користиме како зачин и одличен сојузник е во борбата против уринарните проблеми и заболувањата на бубрезите. Но, тој има уште една магична моќ – ја ослободува акумулираната вода во телото и само за неколку дена ќе се чувствувате многу полесни.

Со чајот од магдонос само за неколку дена може да бидете полесни и до пет килограми. Не станува збор за топење на салото, туку за прочистување на организмот и ослободување од течностите поради кои често се чувствуваме подуено и потешки.

Рецептот е многу едноставен. Во 1 литар врела вода додадете пет големи лажици исечкан магдонос. Оставете да отстои околу 20-на минути, а потоа чајот може да го процедите или да го пиете заедно со магдоносот.

Подготвувајте и пијте од чајот секојдневно по литар, најмногу до една недела. Веќе после третиот ден ќе се чувствувате многу полесни.

Исфрлањето на водата од телото е многу важно. Со урината ги исфрламе и токсините и бактериите. А за магдоносот е научно докажано дека е одличен диуретик, но и силен антиоксиданс. Пиењето на чај од магдонос е препорачливо, но секако не смеете да пртерате со овој чај. Консумирањето не смее да биде повеќе од еден литар дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот