Со музички перформанс Пијан Славеј ја промовираше стихозбирката „Полиграф“

Третата поетска книга „Полиграф“ на Пијан Славеј (Бранислав Николов), музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“, се одржа во рамките на 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „Про-За Балкан“ во форма на музички перформанс во кафе-книжарницата „Буква“, на кој настапи заедно со Гоце Јованоски (бас).

Како дел од групата „Фолтин“, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за наградата „Оскар“, документарниот филм „Медена земја“.

Надвор од работата во групата, Пијан Славеј одржал концерт со Македонската филхармонија, настапува како кантавтор и објавил две поетски збирки – „Креветизам и хоризонтала“ (2018) и „Срчки“ (2020).

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 147, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 24-25 септември 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот