Со лажни евра купувал нови и половни телефони

Фото: Pexels/Karolina Grabowska

Единица за економски и компјутерски криминал поднела кривична пријава против Б.И.(32) од Скопје, осомничен за сторени кривични дела „измама”. Пријавениот набавил 17 фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и во периодот од 31.03.2021 до 07.09.2021, во четири наврати, кај четири различни физички лица, лажните банкноти ги пуштил во оптек.

– Тој стапувал во контакт со оштетените лица, кои на електронските портали за купопродажба ги објавиле за продажба своите телефони, договарајќи средба за купопродажба на огласените телефони, при што им плаќал во готово со фалсификуваните банкноти. На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 104.880 денари, соопштија денеска од МВР.

ОТВОРЕТЕ ОЧИ: Продавате нешто на оглас? Внимавајте, доаѓаат и купуваат со лажни евра и денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот