Со години криеле нуклеарна катастрофа полоша од Чернобил

Фото: Профимедиа

Трката за нуклеарно вооружување од времето на Студената војна на суперсилите САД и Советскиот Сојуз го донеле човештвото на раб на катастрофа. Двете страни произведувале и чувале огромни количества на оружје, додека граѓаните се надевале дека нивните лидери ќе останат мирни и нема да направат нешто непредвидливо, објави хрватски „Експрес“.

Во повеќе инстанци дошло до многу напнати и ситуации кога една од двете страни одлучувала дека е време за активирање на оружјето. Судбината на планетата „висела на конец“, а некои од тие нуклеарни катастрофи се добро документирани, додека за другите податоците сѐ уште се држат во тајност.

Една таква катастрофа се случила во далечниот Урал, во Советскиот Сојуз на 29 септември 1957 година. Затворениот град Озерск во Чељабинската област во својата близина имал фабрика за плутониум.

Нуклеарната експлозија која се случила тој ден во фабриката за плутониум Мајак, според скалата ИНЕС (Меѓународна сакала за нулеарни несреќи) е оценета со 6. За споредба, нуклеарните катастрофи во Чернобил и Фукушима се оценети со 7. Нуклеарната експлозија во Мајак била многу критична, но со децении останала тајна за јавноста.

Мајак бил затворен град кој не бил означен на службените карти. Едноставно се викал Чељабинск-40, по последните две цифри на поштенскиот број на најблискиот град, место кое денес се смета за едно од најзагадите на целата планета Земја.

Нуклеарната електрана Мајак и градот Озерск биле дел од тајна операција, со намера надвор од очите на радарите да се произведе првата нуклеарна бомба во Советскиот Сојуз. Шпионите на Западот секогаш биле во потрага по воени или други стратешки карти, а за лидерите на СССР било важно тие со ништо да не бидат запознаени.

Нарушувањето на однсите меѓу Западот и СССР по Втората светска војна оставило голем траг и на советската технологија која претходно, барем за вселенските програми, била најнапредна. Така, тие „заостанувале“ и со нуклеарната програма, и „надокнадувањето“ на пропуштеното било голем предизвик.

Тоа чувство на пораз започнало во ерата на брзо производство на ураниум и плутониум од кое се гради нуклеарното оружје. САД на ниту еден начин не можеле да си дозволат да изгледаат слаби, и ги распоредиле сите своите ресурси низ Европа и Америка.

Изградбата на фабриката Мајак бил амбициозен проект на СССР, кој траел само три години: од 1945 до 1948 година. Инженерите ја граделе постројката многу брзо, па дури и најзначајните елементи, како што е соодветен систем за ладење, биле занемарени. Властите не обрнувале внимание ниту на животната средина околу постројката, отворајќи го патот за идна катастрофа.

Набрзо откако фарбриката почнала да работи во 1948 година, Мајак во рок од една година ја произвел првата нуклеарна бомба. Но, Москва не била задоволна и сакала уште проекти. Забрзаниот процес на производство и занемарувањето на погоре споменатите основни безбедносни прописи довело до исфрлање на голема количина на радиоактивен отпад во лолакната река Теча, која потоа истекувала во реката Об, на Арктикот и во океанот.

Околните езера се користеле како природен состав за ладење на шест нуклеарни реактори во фабриката, па затоа и тие исто така биле контаминирани. Нивото на оштетување на животната средина набрзо станало многу критично и предизвикало реакции кај локалното население. Работниците примале преголеми дози на зрачење, а радиоактивниот отпад кој е исфрлен во блиските реки и езера во периодот од 1949 до 1952 година во неколку наврати низ градовите и селата предизвикувало многу болести.

Во 1953 година советските официјални лица одлучиле да преземат посебни сигурносни мерки за да ги задржат тоните радиоактивен отпад произведени во фабриката. И понатаму не се посветувало многу внимание за да се осигура соодветно ниво на заштита.

Изградени се големи челични резервоари кои биле закопани на четириесетина метри под земја. За температурата да се држи под контрола, околу нив се изградени и дополнителни ладилници.

Првиот показател на претстојната катастрофа се појавил кога во 1956 година еден од контејнерите почнал да се загрева. Инженерите ја игнорирале оваа ситуација, во дел поради тоа што било невозможно соодветно да се следи. Инфраструктурата за одржување била слаба, а мерните системи неадекватни, па температурите продолжиле да се зголемуваат, а наводно и другите резервоари започнале да достигнуваат критични нивоа.

Во 1957 година се случил пресврт на ситуацијата. Температурата во еден од резервоарите достигнала околу 660 степени Целзиусови, што предизвикало неверојатно силна експлозија. Детонацијата го уништило целото место и неговата околина, а притоа во воздухот испратила големи количини на стронциум-90 и цезиум-137.

Во следните 11 часа, синовиолетов радиоактивен облак кој излегувал од епицентарот на експлозијата, контаминирал речиси 7.720 квадратни километри населена земја, создавајќи го регионот сега познат како радиокативниот траг на Источен Урал, каде во тоа време живееле речиси 270.000 луѓе.

До моментот кога облакот се растурил, веќе сериозно зафати околу 22 села, предизвикувајќи масовна здравствена криза. Властите не ги информирале жителите за причината на евакуацијата од тие села во следните две години.

Постоеја бројни теории на заговор за хемиската катастрофа, од кои една е дека таа била намерно предизвикана за владата да може да ги измери потенцијалните резултати од заречењето. Тие не откриле никакви детали за овој настан и во следните 20 години се спротиставувале на сите барања за надокнада на штетата од катастрофата.

За време на тие години, формално непостоечкиот град Озерск (кој е преименуван во раните деведесети години на 20 век) не можел да се пронајде на карта и, според Советскиот Сојуз, никогаш не ни постоел. Затоа и катастрофата го носи името на соседниот град, а сѐ се појави во јавноста кога билогот Медведев ги објави резултатите од истражувањето на катастрофата.

Неговите тврдења ги поддржале и други научници, кои велат дека зоната во Чељабинск е „мртва земја“. Нема луѓе, нема куќи, нема фарми, нема ништо. Само знаци да се вози што побрзо и по ниту една цена да не се застанува. Подоцна се дознало дека американските служби и ЦИА знаеле за сѐ, па дури имале и фотографии од катастрофата, но ништо не рекле за да не го загрозат сопствената нуклеарна програма.

Колку луѓе умреле поради несреќата никогаш нема да се дознае, но научниците тврдат дека бројката не може да биде помала од 10.000. И тоа не само од експлозијата, туку од долготрајната изложеност на радијација. И денес регионот се бори со голем број на заболени од рак и генетски пореметувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот