снег
Забрана за камиони поради врнежи од снег / фото: Фејсбук

Снег на патиштата: Воведена е забрана за камиони и автобуси

Поради врнежи од снег од 7.40 часот се воведува забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонијапат“. За другите видови возила е задолжителна употребата на зимска опрема.

ЈП „Македонијапат“ утрово информираше и дека поради обилни врнежи од снег од 6.50 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот