Смокови опустошија гулабарник во штипско Лакавица/Фото: Ване Станков

Смокови опустошија гулабарник во штипско, пердуви на сите страни

Смокови во атарот на Лакавица, штипско, усмртиле и изеле голем број гулаби од гулабарник.

Гулабарникот е сопственост на Ване Станков и тој за СДК.мк ја опиша грозоморната глетка:

-За викендот отидов во викендичката каде имам гулабарник и видов пустош. Пердуви на сите страни и траги од разни влекачи. Со мобилниот снимив неколку фотографии, а кога отидов од другата страна на гулабарникот затекнав смок долг повеќе од еден метар како в уста држи гулаб. Снимив уште една фотографија и кога помислив што да направам, за дел од секундата смокот се повлече во нивата, изјави сопственикот Ване Станков кој ги затекнал смоковите.

Претходно гулабарникот на Ване бил мета на крадци кои му украле дел од гулабите, но успеал да ги врати со помош на полицијата, а овојпат смоковите ги уништиле и јајцата за подмладокот на гулабите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот