Фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Смилковски: Имаме втора шанса да се пласираме во АБА лигата

После тесниот пораз во финалната серија на АБА 2 лигата против Широки од Босна и Херцеговина, кошаркарите на ТФТ Скопје ќе имаат уште една шанса да обезбедат пласман во АБА лигата.

Борац Моцарт од Србија, кој ќе се бори за опстанок во АБА 1 лигата, ќе биде противникот на ТФТ Скопје.

Играчите на тренерот Боро Смилковски храбро и достојно ја претставуваат македонската кошарка оваа сезона во регионалното натпреварување.

Дефинитивно, ТФТ е еден од најпријатните изненадувања годинава, на крајот на лигашкиот дел беше седмопласиран, потоа во четвртфиналето го елиминираше фаворизираниот Златибор, а во полуфиналето триумфираше над Сутјеска.

Иако не ја искористија првата шанса за влез во елитата, кошаркарите на ТФТ ќе го дадат максимумот против Борац за остварување на целта.

– За нас овој АБА пат не е готов. Веќе следната среда започнува тоа разигрување со екипата на Борац, која што беше претпоследно пласирана од АБА 1 и тоа е некоја втора шанса што би ја имале во нашата цел да се пласираме во АБА 1 натпреварувањето – вели Смилковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот