СМЕНЕТ ДИРЕКТОРОТ НА УЧИЛИШТЕТО ВО БАРАЈЕВО: Молчел за случајот со насилство кој ја шокира Србија

Директорот на средното училиште Барајево во Србија, Добривоје Јелиќ официјално е сменет, а неговата смена ја потпишал министерот за образование Младен Шарчевиќ.

Причината е непостапување по случајот со врсничко насилство за кој збори цела Србија, кога на интернет се појави снимка на која се гледа како две девојчиња (14) во дворот на средното училиште во Барајево се изживуваат врз трето девојче и удираат шамари.

„Врз основа на вонреден инспекциски надзор кој е извршен од страна на просветниот инспектор на министерството за образование, наука и технолошки развој утврдено е дека установата не спроведува мерки за безбедност и заштита на ученикот. Врз основа на тоа, стекнати се услови за разрешување на директорот на установата предвидени со одредба од член 128 од Законот за основниот систем за образование и воспитување. Во правилникот за протокол за постапување во установата директорот не преземал активности односно не ја известил надлежната школска управа за трето ниво на насилство и не основал тим кој итно би покренал постапка за решавање на проблемот со насилството“, соопштуваат во министерството за образование на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот