Слушачка промоција на албумот „Крстена вода“ од Крсте Роџевски ќе се одржи во „Аудиокултура“
Новиот (седми по ред) албум на Крсте Роџевски со наслов „Крстена вода“ е објавен во издание на чикашката етикета „Port Of Entry 3901“ во форма на винил и во дигитален формат.
Препорачано
Станува збор за дванаесет нови песни, претставени во отскриена, сува, наивна форма, снимени како соло настап во живо, во студиото „Bunker“ во Њујорк.
Слушачка промоција на албумот „Крстена вода“ од Крсте Роџевски ќе се одржи на 27 ноември, 20 часот, во „Аудиокултура“ во Скопје.
Крсте Роџевски е комплетен автор на сите текстови и композиции, негови се сите вокали, а ги свири и сите инструменти на албумот (акустична гитара, усна труба, удиралки, теренски снимки…).
Албумот е снимен од Aaron Nevezie, миксан од Ben B. Goss, а мастериран од Michael Fossenkemper во њујоршкото „TurtleTone Studio“. Дизајнот на омотот го направија Иванчо Талевски и Matt Neff. Продуцент на албумот е самиот Роџевски.


