Словенија влезе во трета блокада, ќе трае до 11 април

Фото: mia.mk

Училиштата повторно ќе се префрлат на интернет, а градинките ќе се грижат само за децата на родители кои работат во клучни сектори, јави словенечката новинска агенција СТА.

Словенија влезе во својата трета блокада за нешто повеќе од една година, што ќе трае до 11 април, освен за време на велигденските празници, кога членови на две домаќинства ќе можат да се посетуваат.

Училиштата повторно ќе се префрлат на интернет, а градинките ќе се грижат само за децата на родители кои работат во клучни сектори, јави словенечката новинска агенција СТА.

Маските за лице повторно ќе бидат задолжителни на отворено, освен за време на одмор во природа. На луѓето нема да им биде дозволено да го напуштат регионот во кој живеат, освен за работа, помош или други итни потреби.

Директната продажба на стоки и услуги на клиенти ќе биде забранета освен во продавници за храна, аптеки и цвеќарници.

Забраната за собирање стапи на сила, а на луѓето ќе им биде дозволено да комуницираат само со членовите на нивното домаќинство.

Сите прослави ќе бидат забранети, а полицискиот час од 22:00 до 05:00 часот останува во сила.

Музеи, галерии, библиотеки и архиви исто така се затвораат денеска, настаните се откажани во следните 11 дена, а верските церемонии ќе се одржуваат без присуство на верници.

Велигден, кој е на 4 април, ќе биде исклучок и луѓето ќе можат да патуваат низ земјата за да ги посетат роднините.

Максимум две домаќинства ќе можат да комуницираат, но вкупниот број возрасни над 15-годишна возраст не треба да надминува шест лица. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот