Словенија успешно ќе го заврши претседавањето со ЕУ за С. Македонија, вели амбасадорот Предан
Спорот со Бугарија и неговото решавање беше дел од разговорот на средбата меѓу првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и амбасадорот на Република Словенија Милан Предан.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На средбата, како што соопштија од Министерството, била истакната потребата што поскоро да се одреди датум за разговори со Европската унија, бидејќи патот на Република Северна Македонија кон ЕУ е од посебна важност.
– Беше истакнато дека двете земји имаат долга соработка меѓу нив и дека Северна Македонија во Словенија секогаш има искрен поддржувач како близок партнер и членка на НАТО, додека земјата заслужува датум за почеток на преговорите на почетокот на следната година, се вели во соопштението.
Груби и Предан разговарале за тоа како успешно да се заокружи словенечкото претседавање со Советот на Европската Унија за Република Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ во однос на одредување датум за првата меѓувладина конференција и започнување преговори во следните месеци.
Соговорниците разговарале и за стабилизирањето на парламентарното мнозинство и настапот на владината коалиција како позитивен развој во однос на кредибилитетот на спроведувањето на владината програма и стратешките цели.


