Словенечкиот министер за надворешни работи ги негираше тврдењата за „нон-пејперот“ на Јанша

Ljubljana, vlada. Novinarska konferenca na daljavo o aktualnem dogajanju v zvezi s koronavirusom. Minister za zunanje zadeve Anze Logar.

Словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар денеска ги негираше тврдењата за наводен нон-пејпер, кој, според некои медиуми во Словенија и БиХ, премиерот Јанез Јанша го доставил до Европската комисија, велејќи дека станува збор за манипулација и обид за компромитирање на владата и претседателот.

На состанокот на парламентарниот комитет за надворешна политика, кој го побара опозицијата, тој изјави дека единствениот документ за кој можат да се однесуваат тие шпекулации е оној што го поднела Хрватска. За него како за неофицијален документ се дискутирало во Брисел минатиот месец, а се приклучија и Словенија, Унгарија, Бугарија и Грција.

Во него, споменатите земји, наведе Логар, се залагаа БиХ да добие статус на кандидат за членство веднаш штом ги исполни сите услови и реторички било прашано што не е во ред со тоа.

Лидерите на словенечката опозиција последните денови изразија загриженост во врска со наводната содржина на нон-пејперот „на Јанша” за БиХ и регионот, односно поделбата на регионот по етничка линија како „крај на распадот на СФРЈ”. Во врска со полемиките што ги предизвика оваа шпекулација и објавувањето на разговорите меѓу членовите на Претседателството на БиХ и словенечкиот претседател Пахор во медиумите во БиХ, Логар праша која е целта на сето тоа.

– Дали е целта да се наштети на Словенија, БиХ или на двете земји и да се „пука” наоколу за некој сепак да падне, рече словенечкиот министер за надворешни работи, член на Словенечката демократска партија (СДС) предводена од Јанша.

Што се однесува до несоодветноста во врска со изјавите на словенечкиот претседател Борут Пахор дадени за време на разговорите со лидерите на БиХ во март за време на неговата посета на Сараево, Логар рече дека тоа е дипломатски кикс.

– Исклучително е необично што највисоката комуникација меѓу претставниците на двете земји беше објавена во медиумите, рече тој.

– Ако некој открие информација што е кажана во затворен круг меѓу претставници на двете земји, тоа го крши дипломатскиот кодекс, предупреди тој и додаде дека затоа било грешка на БиХ да се покани словенечката амбасадорка Зорица Букинац на разговор за наводниот политички скандал околу наводниот нон-пејпер, бидејќи всушност требало да биде обратно. Според него, Словенија мораше да реагира.

Логар додаде дека Словенија, ни под владата на Јанша не ја променила својата стратегија во надворешната политика и кон регионот на Западен Балкан, која ќе остане високо на списокот на приоритети за време на нејзиното претседателство со Советот на ЕУ, и оти Словенија ја поддржува европеизацијата на целиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот