Словенечкиот министер со кого Османи имаше средба, позитивен на коронавирус

Пред четири дена Логар се сретна со својот колега, министерот за надворешни рбаоти, Бујар Османи, а претходно присуствуваше на состанокот на Европскиот совет во Луксембург на 12 октомври.

Словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар е позитивен на коронавирусот по патувањето во балтичките земји, соопшти денеска неговиот кабинет.

-Министерот Логар е позитивен по рутински тест за коронавирусот. Тој не покажува никакви симптоми на болеста, но тој и неговите најблиски соработници ќе одат во карантин 10 дена- се вели во соопштението.

Пред четири дена Логар се сретна со својот колега, министерот за надворешни рбаоти, Бујар Османи, а претходно присуствуваше на состанокот на Европскиот совет во Луксембург на 12 октомври.

Логар вчера се врати од тридневната посета на балтичките земји Летонија, Естонија и Литванија.

Логар, еден од најблиските соработници на премиерот Јанез Јанша, во октомври имаше бројни дипломатски средби во регионот, вклучително и со колеги од Словачка, Чешка и Северна Македонија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот