Словаците сакаат трезен парламент: 98 отсто „за“ алкотест за пратениците

Речиси сите граѓани на Словачка бараат пратениците и министрите во таа земја да бидат подложени на тестови за алкохол и дрога, покажало истражување на агенцијата СЦИО, објави „Правда“.

На прашањето дали би сакале политичарите да поминуваат низ истите контроли како обичните вработени, 98 отсто од испитаниците одговориле потврдно, меѓу жените 97,7 отсто, а меѓу мажите 98,3 отсто.

Лидерот на движењето „Хнутиа Словенско“, Игор Матович, во обраќање ги критикуваше коалициските пратеници поради наводна конзумација на алкохол за време на седниците.

„Колку е поважен законот, толку повеќе пијани пратеници гласаат за него. Во нормална фирма, пијан вработен веднаш би бил отпуштен“, истакна Матович и додаде дека алкохолот ја намалува внимателноста и дека пијаните пратеници не донесуваат одлуки во согласност со својата совест.

Матович нагласи и дека граѓаните на Словачка сакаат да видат политичари кои гласаат трезни кога одлучуваат за судбините на луѓето.

Анкетата била спроведена од 10 до 14 ноември, а во неа учествувале илјада полнолетни граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот