Речник „Мериам-Вебстер“ - Фото: Brandon Bell / Getty images / Profimedia

„Слоп“ е збор на годината според речникот „Мериам-Вебстер“: Симбол на ерата на содржина генерирана од вештачка интелигенција

Зборот „slop“ (отпад) – нешто што е неуредно, бесмислено и насекаде присутно на интернет – е прогласен за збор на годината 2025 од речникот „Мериам-Вебстер“ (Merriam-Webster), пренесува „Еј-би-си“.

Речникот го дефинира терминот како: „дигитална содржина со низок квалитет која обично се произведува во големи количини со помош на вештачка интелигенција.“

Според Мериам-Вебстер, зборот „слоп“ потекнува од 1700-тите години кога значел „кал“, а подоцна во 1800-тите се користел за „отпадоци од храна“, за да на крајот добие значење „ѓубре“ или „производ со мала или никаква вредност“ во разговорниот јазик.

„Навалата на ‘слоп’ во 2025 година вклучуваше апсурдни видеа, искривени реклами, кичести пропаганди, лажни вести кои изгледаат прилично реално, книги напишани од вештачка интелигенција со низок квалитет, извештаи кои го трошеа времето на колегите… и многу генерирани мачки што зборуваат“, пишува Мериам-Вебстер. „Луѓето го сметаа за досадно, но сепак го консумираа.“

Други кандидати за збор на годината 2025 беа: „gerrymander“, „touch grass“, „performative“, „tariff“, „six seven“, „conclave“ и „Lake Char­gog­ga­gogg­man­chaug­ga­gogg­chau­bu­na­gun­ga­maugg“, вистинско езеро во Вебстер, Масачусетс, познато и како Webster Lake.

За споредба, збор на годината 2024 беше „поларизација“ – поделба (на општеството) на спротивставени страни.

Речникот на Оксфорд оваа година го избра „рејџ бејт“, Кембриџ го избра зборот „парасоцијален“, додека Dictionary.com го избра мимот „67“ за збор на годината.

Оксфорд го прогласи изразот „rage bait“ за збор на годината

Кембриџ го избра зборот на годината за 2025 – „парасоцијален“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот