„СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ ТРГНА ОД СКОПЈЕ ДО СОЛУН: Какви мерки се преземаат на границата со Грција поради коронавирусот?

Екипа на „Слободен печат“ денеска тргна на пат од Скопје до Солун, со цел да провериме дали, поради коронавирусот, се преземени некакви посебни мерки на граничниот премин Богородица и ако има, кои се тие.

На граница поминавме релативно брзо, дури и побрзо од вообичаено. Ниту на македонската, ниту на грчката граница немаше гужва, а единствена мерка што вработените ја користеа како заштита против коронавирусот беа ракавиците кои ги носеа.

Ракавици носеа и вработените на патарините низ Македонија, но други мерки, како пополнување прашалници, немаше.

Во Македонија засега има еден потврден случај на коронавирус, додека во Грција има три случаи.

Владата на Македонија се очекува да препорача да се откажат сите јавни настани и собири. Досега откажани се струмичкиот карневал и карневалот за Прочка во Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот