„СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ на прошетка низ апатично предизборно Косово (ВИДЕО)

Екипата на „Слободен печат“ беше во посета на Косово, каде што предизборната кампања за вонредните парламентарни избори е во тек. Во едно секојдневие на држава во која доминира во просек млада популација, се стекнува чувство дека луѓето на улица не се подготвени, ниту расположени да зборуваат пред камера.

Високо развиената свест дека „некој ги контролира“ и дека се во едно релативно „тесно секојдневие“, си го негуваат уставното право на тајност при гласањето, живеејќи во некаков латентен страв од експонирање на сопственото мислење. Една работа е евидентна, а тоа е податокот кој вели дека и покрај социјално незадоволниот народ, недовербата дека нешто сериозно ќе се промени со изборите, лебди во воздухот како лајтмотив.

Во трка се повеќе од дваесет политички партии и коалиции. Политичкиот ковчег со ветувања е наголемо отворен, но овојпат луѓето се сити од ветувања кои до сега не се остварени, а веќе слушнати. Владее апатија. Дали на Косово ќе смени политичкиот ќилим по кој шетаат веќе излитени, истрошени ликови кои демократијата ја подразбираат како „контролна моќ“ врз популацијата, а не како можност за побрз, регионален, балкански и европски приклучок кон современата политичка слика во Европа.

И додека социјалниот чемер нема етничка припадност, а транспарентно е евидентен, српско-косовскиот биполарен националромантистички амбиент сјае во својот целосен колорит. Се обидовме, но, за жал малку успеавме да ја откриеме онаа внатрешна слика на просечниот жител на Република Косово. Се повеќе, народот смета дека меѓународната заедница е таа која ќе го каже својот последен збор за иднината на државата. Впечатокот е дека луѓето се навикнати некој друг да збори во нивно име. И дека се останато е „колку да се биде“ во функција на политичкото секојдневие.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот