„Слободен печат“: Ламбе Алабаковски го палел клубот, ја запали јавноста!

Печатеното издание на „Слободен печат“ донесува:

 

Хроника

Полицијата го уапси подметнувачот на пожарот во Битола: Ламбе Алабаковски го палел клубот, ја запали јавноста!

34-годишниот Алабаковски е приведен во полициска станица во Битола на сослушување, и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 288 ст. 1 од Кривичниот законик, соопшти СВР Битола.

 

Охрид домаќин на голем регионален самит: „Отворен Балкан“ катализатор за туризмот и за културата  

– На самитот во Охрид за првпат учествуваат и претставници на Црна Гора и на БиХ, премиерот Дритан Абазовиќ и претседавачот со Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија, во својство на гости.

 

На линија со Радев и Ковачевски: Макрон ја почна посредничката мисија

–  Францускиот претседател е подготвен „кога ќе дојде време“ да ги пречека во Париз властите на Бугарија и на Северна Македонија, со цел да се склучи билатерален договор што ќе овозможи отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.

 

Економија

Се бараат правни можности за спас на градежништвото: Договорите за купување станови ќе имаат клаузула за скалесто менување на цените?

-Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ги повика градежните фирми заедно со договорните компании да разгледаат дали има можност за промени. Според него, институциите веќе прават пресметки како во идните постапки да бидат земени предвид новозададените цени.

 

Свет

Вирусот „гримсо“, потенцијална опасност за луѓето: Глодачи шират нов тип коронавирус на ливадите низ Шведска

– Не се забележани случаи на скокање на вирусот на друг животински вид или на човек, но се укажува дека треба внимателно да се следи ситуацијата, особено поради тоа што ливадските глувци често се мешаат со луѓето

 

Скопје

Град Скопје ја почнува постапката: Наскоро ќе почне изградбата на првиот голем парк во Ѓорче Петров

–  Новиот парк ќе биде лоциран на опустошениот простор на исчистена депонија, што се наоѓа покрај коритото на реката Лепенец кај Ново Село и ќе се простира на вкупна површина од 30.900 квадратни метри. Вкупната вредност на проектот изнесува 68.500.000 денари, од кои Град Скопје ќе учествува со 67.000.000  денари, додека Општина Ѓорче Петров со 1.500.000 денари.

 

Спорт

Одбојка, Европска сребрена лига: Шансите се минимални, но мотивација не недостига

 

– Македонија вечерва во Скопје ја пречекува Романија во меч од петтото коло, во кој мора да победи за да има какви-такви шанси за пласман во фајнал-фор фазата. Со една победа и три порази црвено-жолтите се на работ на елиминација. Сепак, мотивацијата им е како и секогаш на високо ниво, велат во нашиот тим

 

Мозаик

Светот ја виде Лилибет! Ќерката на Меган Маркл и принцот Хари го прослави првиот роденден

 

-Фотографиите по повод првиот роденден на Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор ги обиколија светот. Малата славеничка позирала на тревата облечена во син фустан и со панделка во косата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот