„СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ ГИ ПРАША ГРАЃАНИТЕ: Дали би вработиле мрзелив административец? – СИТЕ ЕДНОГЛАСНИ
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, вчера соопшти дека административците кои не си ги изршуваат работните задачи ќе бидат прераспоредени на пониски позиции или ќе им се понудат на приватниот сектор.
Препорачано
По ваквата изјава на Манчевски следеше бура од реакции во јавноста, но и на социјалните мрежи.
„Тие едвај чекаат да им понудите работа за во приватниот сектор и веднаш ќе прифатат. Абре колку сте смешни!“, „И ова чудо да го видиме“, „А таквите во приватниот сектор ги чекаат со леб и сол“, „Да сакале да работат, немале да се вработат во администрација“, беа само дел од коментарите на Фејсбук страницата на „Слободен печат“ оставени по вчерашната објава на веста.
Екипата на „Слободен печат“ денеска ги праша скопјани, што мислат за оваа мерка на министерот Манчевски, односно, дали би вработиле мрзелив административец.
И покрај најавените мерки за намалување на бројот на вработените во администрацијата, повеќе државни институции деновиве објавија огласи за вработување на преку 50-тина лица на различни функции, а Манчевски потенцираше дека во државната администрација работат 139.000 лица, вклучувајќи ги и јавните претпријатија, и акционерски друштва во државна сопственост.


