Христијан Мицкоски и Урсула фон дер Лајен / Фото: Слободан Ѓуриќ / Слободен печат

Следен и единствен чекор кон ЕУ се уставните измени, порача Фон дер Лајен на „Икс“ откако се сретна со Мицкоски

„Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас“, напиша на социјалната мрежа „Х“ претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски.

„Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвена“, напиша Фон дер Лајен во кусата објава.

Претседателката на ЕК завчера од Тирана ја почна својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки денеска допатува во Скопје. За време на престојот во Скопје Фон дер Лајен се сретна и со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

ФОТО: Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен пред Владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот