Славниот Роке Санта Круз не се откажува, потпиша за нов клуб на 44 години
Легендата на парагвајскиот фудбал, Роке Санта Круз, и на 44 години нема намера да стави крај на богатата кариера и ќе продолжи активно да настапува на фудбалските терени.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Искусниот напаѓач во изминатата сезона беше дел од Либертад, а сега официјално се обврза со нов договор со екипата на Национал од Парагвај, потврдувајќи дека сè уште се чувствува подготвен за нови предизвици.
Санта Круз остави длабока трага и на европската сцена, каде настапуваше за реномирани клубови како Баерн Минхен, Манчестер Сити и Малага, додека во последната деценија е активен исклучиво во клубовите од својата татковина.
Во дресот на националната репрезентација на Парагвај забележа 112 настапи и постигна 32 погодоци, бројки кои го вбројуваат меѓу најголемите фудбалери во историјата на оваа јужноамериканска селекција.
𝘽𝙄𝙀𝙉𝙑𝙀𝙉𝙄𝘿𝙊, 𝙍𝙊𝙌𝙐𝙀 🔴⚪️🔵
Roque Santa Cruz es nuevo refuerzo de la Academia para la temporada 2026. Llega para aportar toda su experiencia y liderazgo en busca de la gloria. ✨️
¡Bienvenido a tu nueva casa, Roque! 👏 pic.twitter.com/VWNDbfAezz— Club Nacional Py (@clubnacionalpy) January 1, 2026
Преземено од: Спорт.ком.мк


