Славица Грковска: Етичкиот кодекс е важна алатка за унапредување на етичноста на функционерите

Славица Грковска - вицепремиер за политики и добро владеење /Фото: "Слободен печат"/Драган Митрески

Зборувајќи за спроведувањето на Етичкиот кодекс, вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, во интервју за Слободен печат истакна дека тоа е добра алатка за унапредување на етичноста на избраните и именувани функционери од страна на Владата.

„Јас сум задолжено лице за Етичкиот кодекс, но тој етички кодекс се однесува само за лица избрани и именувани функционери од Владата. Ние и минатата и оваа година одржавме обуки кои се однесуваат на Етичкиот кодекс, за тоа што е интегритет, што се очекува од нив како функциониери во етичка смисла и минатата година меѓу 140 и 150 функциониери поминаа низ тие обуки што ги правеше мојот кабинет со помош на УСАИД. За мене беше важно да направиме систем кој и понатака ќе држи фокус за важноста на овие обуки и затоа со помош на УСАИД, направивме еден тим од 13 луѓе каде покрај луѓе од мојот кабинет, има луѓе од кабинетот на претседателот на владата, од генералниот секретаријат, тоа се 13 луѓе кои се веќе обучени самостојно да ги држат обуките“ рече Грковска.

Таа објасни дека во Етичкиот кодекс нема прекршочни одредби, туку има опомени и дека крајниот збор за тоа какви санкции ќе сноси некој функционер, го има претседателот на Владата.

„Етичкиот кодекс не е закон за да има прекршочни одредби, туку има одредени степени на опоменувања, а потоа ако се прекрши тој кодекс неколку пати, на претседателот на владата е да одлучи каква мерка ќе одреди за прекршителот. Ние покажавме дека за нас не е важно дали станува збор за прв вицепртемиер, министер, директор, генерален секретар, дека ние опомените ги изрекуваме исклучиво врз основа на аргументи. Меѓутоа благодарение на притисокот на јавноста, на медиумите, коишто ни се и главни партнери во оваа да ја речам борба за зголемување на свесноста на функционерите за улогата што ја имаат. Покажавме дека функциониерите ги оценуваме исклучиво врз основа на аргументи, независно за тоа за кој станува збор“ посочи Грковска додавајќи дека сега сите функционери се далеку повнимателни во однесувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот