Славен Билиќ пред враќање во англискиот фудбал?
Славен Билиќ би можел наскоро повторно да се врати во англискиот фудбал. Како што пренесуваат британските медиуми, поранешниот селектор на хрватската репрезентација е меѓу главните кандидати за преземање на Блекбурн роверс, доколку клубот реши да му врачи отказ на актуелниот тренер Валериен Исмаел.
Препорачано
Информацијата ја објави реномираниот новинар Бен Џејкобс, кој наведува дека раководството на Блекбурн сериозно размислува за тренерска промена поради слабите резултати на екипата. Клубот моментално се наоѓа во зоната за испаѓање во Чемпионшип, на 22. позиција со 29 освоени бодови, три помалку од безбедната зона.
Билиќ зад себе има богато искуство во Англија, каде што во минатото ги предводеше Вест хем, Вест Бромвич Албион и Вотфорд. Неговиот последен ангажман беше во саудискиот Ал-Фатех, каде што работеше до летото 2024 година.
Претходно, англиските медиуми веќе го поврзуваа Билиќ и со можна камбек на клупата на Вест хем, но во овој момент Блекбурн се чини како пореална опција за негово враќање на англиската сцена.
Slaven Bilic is a contender for the Blackburn Rovers job if Valérien Ismaël is replaced.🇭🇷
🤝 @alex_crook pic.twitter.com/oCwjncTa4v
— Ben Jacobs (@JacobsBen) February 2, 2026


