ВИДЕО: Дали знаете дека под Скопското Кале се кријат тајни тунели и слоеви стари илјадници години?
Кога од современото Скопје ќе зачекорите кон стариот дел на градот, погледот речиси автоматски завршува на една доминантна силуета – тврдината Кале.
Сместено на левиот брег на Вардар, Калето е место каде секој камен носи повеќе векови историја и нуди еден од највпечатливите погледи кон градот. Целиот рид, од Криви Дол до Касарната „Илинден“, претставува еден непрекинат археолошки и историски комплекс.
Препорачано

Археолошките истражувања од 1967 година открија културни слоеви длабоки до 8 метри, што сведочат за живот на просторот уште од енеолитот, преку железното и класичното време. Првата тврдина била изградена во VI век, во времето на Јустинијан I, со камен од разурнатиот антички Скупи, а населбата повторно оживува во IX век и доживува процут во времето на Самуиловото Царство.

Низ вековите, Калето било клучна стратешка точка и минувало од рака во рака – Византија, Самуил, Комнините – при што било рушено и обновувано дури 11 пати. Средновековното утврдување го опфаќало целото плато, Скопје било поделено на Горен и Долен град, а под тврдината течела реката Серава. Пронајдени се фрески, византиски садови и монети, како и записи за таен подземен тунел до Куршумли-ан.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО И ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ


