Фото: Принтскрин

Возачите масовно симнуваат апликација што ги покажува камерите на „Сејф сити“ – предупредува пред да им се приближите

Скопјани во последниве денови масовно ja симнуваат апликацијата „Вејз“ (Waze), барајќи начин да избегнат санкции од новиот систем „Сејф сити“. Апликацијата, достапна за уредите со „Андроид“ и „иОС“, им овозможува на возачите да ја видат целата мрежа на камери кои регистрираат сообраќајни прекршоци.

Граѓаните велат дека ова е најпрактично решение додека „Сејф сити“ сè уште работи во тест-фаза и испраќа само опомени до 1 јануари, кога ќе започне наплатата на казните. За да се приспособат на новите правила, возачите ширум државата активно го користат „Вејз“ за да избегнат ненамерни прекршоци.

ВИДЕОАНКЕТА | Што мислите за системот „Сејф сити“?

За кратко време, корисниците ја мапираа речиси целата мрежа на камери, овозможувајќи предупредување уште оддалеку. „Вејз“ стана толку популарен зашто нуди точна информација за фиксни и за мобилни камери, гласовни аларми, податоци за полиција, радари, метеж и за градежни работи, како и избор на најбезбедна маршрута.

Возачите можат и сами да додаваат нови камери, а заедницата постојано ја ажурира мапата.

За многу возачи, „Вејз“ моментално е најсигурниот начин да не бидат изненадени од новите мерки што ги носи „Сејф сити“.

Камерите до крајот на годинава се шират во нови „безбедни градови“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот